ТЕРА

REKLAMA???

ЦЕНИТЕ ВО 2024 ПОВИСОКИ ОД ЛАНИ

Во пораст се трошоците за живот. Цените во ноември биле повисоки за 4 отсто  според Државниот завод за статистика годишната инфлација од 4, 3 отсто е  повисока од претходно.

Според, извештајот на Државниот завод за статистика за една година најголемо поскапување од храната има кај зеленчукот од 15, 6 проценти, потоа кај млекото, сирењето, јајцата, кај безалкохолните пијалаци, кафето, чајот, какаото, месото.  Зголемување има и кај тутунот и алкохолните пијалаци. Кај дел од овие производи е забележано поскапување и во однос на месец октомври.

Зеленчук  15, 6 % , Масло  8, 7 % ,Млеко, сирење и јајца  7, 1 %, Месо  4 % , Безалкохолни пијалаци 12,9 % ,Кафе, чај, какао 12,6 %,Минерални води и негазирани  сокови од овошје и зеленчук 13, 6 %, Алкохолни пијалаци, тутун 6,8 %,Зголемување има и на трошоците  за здравје,  за фармацевските и стоматолошките  услуги, за одржување и поправки во домовите.

Според податоците на Државниот завод за статистика, и врз основа на индексите на трошоците на животот,  Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во ноември 2024 година, во однос на октомври 2024 година, изнесува 1.0 %.

Зголемувањето на инфлацијата во ноември 2024 година, во однос на октомври 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи:, рекреација и култура, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 1.5 %, ресторани и хотели за 0.8 %, облека и обувки, здравје за 0.2 %, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.1 %.

Во ноември 2024 година, во однос на октомври 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: транспорт за 0.9 %, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.3 %, разновидни стоки и услуги за 0.1 %.

Трошоците на животот во групите комуникации и образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Индексот на цените на мало во ноември 2024 година во однос на октомври 2024 година изнесува 100.3. Индексот на трошоците на животот во ноември 2024 година, во однос на ноември 2023 година, бележи зголемување од 4.3 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 4.0 %.

 

фото: unsplash