Ценко Ивановски вториот извлечен гостин од „Заврти ЕКОСКУТЕР тркало“

Ценко Ивановски од Битола е вториот извлечен гостин од бонус играта „Заврти ЕКОСКУТЕР тркало“ кој го заврти тркалото на среќата во ТВ студиото на Лото 7 и освои 150.000 денари бонус на неговата трансакциска сметка.
Ценко регистрирал повеќе недобитни инстант лоза на www.loto.mk, од кои со еден инстант лоз беше извлечен по електронски пат да биде специјален гостин во Лото 7, а другите регистрирани недобитни инстант лозови влегуваат во игра за првиот автомобил БМВ Х1 чие извлекување ќе биде на 8 јануари 2022 година.
Ве потсетуваме да се најавите на www.loto.mk и со внесување на два баркода од недобитен лоз Еко скутер можете да добиете ексклузивна можност и Вие да го завртите тркалото на среќата и да добиете бонус од 50.000, 100.000 или 150.000 денари.
Сподели