Центарот за боречки вештини Пелистер со 10 медали на државното првенство

Државното првенство во реално аикидо се одржа во Битола. Учесниците се натпреваруваа во категориите аики-форми и аики-демо за помлади и постари пионери, кадети, сениори и ветерани во аики-демо. Тие беа од 7 македонски клубови. Вообичаено учествувале повеќе, но заради ситуацијата со ковидот и согласно здравствените протоколи за заштита, бројот на учесници бил намален.

Центарот за боречки вештини Пелистер Битола, освои 10 медали – 5 златни, 3 сребрени и 2 бронзени, Нико 12 – 9 златни и 3 бронзени, Маруи 4 златни.

На Државното првенството во Будо центарот „Пелистер“ настапија учесници од клубовите Пелистер, Нико, Маруи, Битола, Чешиново и Облешево.

Центарот за боречки вештини „Пелистер“одбележува 51 година постоење од кои тренерот Ѓуро Илиќ, 46 години тренерска работа.Во рамките на одбележувањето на јубилејната 50 та година во 2020, Илиќ беше едногласно промовиран во мајстор 6 дан.

Промоцијата на Ѓуро Илиќ ја направи големиот џудо мајстор 9 дан од Србија, Славко Обадов, кој го прослави овој спорт во 1976 година на олимписко ниво, освојувајќи златен медал во Канада.

Во неговата долгогодипна кариера, Ѓуро Илиќ издаде девет книги и исто толку ДВД-а од областа на џудото и самоодбраната. Низ клубот досега продефилирале над 3.500 членови. 

Покрај што е тренер во пелистер Илиќ е и престедател на Дан колегиумот – комисијата на џудо федерацијата.

Сподели