Ципрас бара Грција што поскоро да ги реши проблемите со Македонија и Албанија

0
165

Грчкиот премиер Алексис Ципрас упати апел до министрите во својата влада дека Грција мора што поскоро да затвори што е можно повеќе отворени прашања во надворешната политика, за да не го расфрла својот дипломатски капитал реферирајќи се на проблемите со Македонија и Албанија, јави Катимерини.

Оваа изјава на Ципрас „следи по новиот бран на ескалација на тензиите во грчко турските односи откако двајца грчки војници беа приведени од страна на турската армија во граничниот појас меѓу двете држави.

„Сакам да ги разуверам граѓаните дека Грција е силна и безбедна земја со силна меѓународна подршка и нема причини за загриженост за безбедноста” изјави грчкиот премиер одговарајќи на растечкото чувство на несигурност меѓу граѓаните на Грција, а по последните изјави на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

novatv.mk