Ципрас бара поголема поддршка за договорот со Македонија

0
237

Владата на грчкиот премиер Алексис Ципрас очекува договорот за спорот за името на Република Македонија да биде одобрен од најмалку 180 пратеници. Ова е објавено од страна на неколку портали во Грција. Во парламентот во Атина има 300 пратеници. Владејачкото мнозинство на премиерот Ципрас има 154 пратеници. Владата во моментов разговара за тоа како, откако Договорот ќе влезе во Националното собрание, да добие поддршка од 180 пратеници.

„Ако се постигне договор со ПЈРМ, соработниците на премиерот разгледуваат варијанти како тој да биде поднесен во парламентот и да биде одборен, но не со просто мнозинство. Дебатите имаат за цел да се зголеми мнозинството на 180 пратеници. Ова е потребно бидејќи станува прашање за меѓународен договор и тој не треба да биде усвоен со просто мнозинство”, соопштува грчкиот портал in.

faktor.mk