Ципрас посакува Македонија да има сила да донесе тешки одлуки за името

0
226

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека се надева оти за решавање на спорот за името одѕив ќе има и од Македонија, за која прашањето, според него, е од егзистенцијално значење. Тој на регионална конференција за продуктивна реконструкција посочи дека посакува Македонија да го сфати тоа и да има сила да преземе тешки одлуки.

Според Ципрас, се преговара за да се постигне решение кое ја гарантира грчката историја и нејзиното културно наследство, а во исто време ќе исклучува секаков вид на иредентизам од другата страна. Тој истакна дека сакаат решение кое ќе издржи низ времето и затоа како предуслов се бара промена на Уставот на Македонија.