Ципрас: Сѐ уште немаме договор за името

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Грчкиот премиер Алексис Ципрас одговори на прозивките од опозициската Нова Демократија од каде му беше упатено барање да се изјасни околу ставовите на македонскиот премиер, Зоран Заев, кој во своето вчерашно излагање, по повод една година од формирањето на владата, рече дека во договорите со Грција, македонскиот јазик и идентитетот се загарантирани, пренесува агенцијата АНА-МПА.

„Грчката позиција од секогаш е јасна: услов за интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО е постигнување договор за сложено име со географска или времена одредница што ќе се користи „ерга омнес“, рече Ципрас додавајќи дека главната опозициска партија во Грција треба да покаже сериозност за време на преговорите.

„Нова демократија не смее да брза. Засега се уште немаме постигнато договор“, нагласил Ципрас.

Share.