Црна Гора зафатена со бран судири меѓу криминални групи

0
137

Советот за национална безбденост на Црна Гора синоќа оцени дека безбедносната ситуација во земјата била нарушена поради растечките судири меѓу организирани криминални групи. Советот побара од надлежните органи формирање заеднички спцијализирани тимови со задача поефикасна борба против организираниот криминал. До седницата на Советот дојде по двојното убиство во Подгорица пред два дена. Во досегашните пресметки меѓу криминалните кланови загинале најмалку 20 луѓе, од кои четири жртви биле случајни. Само во изминативе триесет дена во Подгорица имало шест бомбашки напади.

slobodnaevropa.mk