ТЕРА

REKLAMA???

ЦРНА КОМЕДИЈА, ПРЕТСТАВА ЗА ПРАВЕДНАТА ТРАНЗИЦИЈА

Праведната транзиција освен преку медиумите во вести, сега темата е и театарска претстава. Во Битола беше третата изведба на едночинката „Бардо Тодор” од авторот Сашо Кокаланов и режисерот Сашо Миленковски.

Миленковски дека вели дека добро е што оваа тема сега се пласира и преку театарот како форма на изразување и праќање пораки.

„Знаете свеста не се менува со претстави иако помагаат во развивање на додатна информација во целата приказна. Ние ја игравме претставата по овие Пелагониски села и општини, Новаци и Могила, а сега тука. Ако продолжиме со тоа две-три години можеби ќе пренесеме некаква порака, со едно играње неверувам дека ќе успееме. Но, што е важно? Важно е што ја покренуваме темата во друг медиум. Значи не е само на вести, туку и во театар. Она што за нас е важно, а во претставата и тоа го има, е праведната транзиција која во стварноста не постои, ниту една транзиција не е праведна, секогаш е на штета на некој. Дали сега со вештачката интелегенција ќе останат луѓе без работа или ќе се бараат други средства, не постои праведна, но транзицијата е неопходна, таа е неминовна, таа ќе се случи, знаме ние или не, овие извори на енергија со кој здравјето цела Битола го плаќа и цела Пелагонија го плаќа“ вели режисерот Миленкоски.

Авторот Кокаланов вели дека на луѓето од овој регион ова тема за состојбата со најголемиот комбинат за производство на електрична енергија им е позната, а праведната транзиција, односно напуштањето на производство на електрична енергија од фосилни горива и производството од обновливи извори се повеќе се актуелизира.

„Две изведби се, сеуште се разбира дека е рано да се извлекуваат некакви големи заклучоци, меѓутоа на луѓето им е блиска темата. Ова е регион каде што на различни начини се поврзани луѓето со темата. Така е конструирана и приказната. Значи има ликови кои се дел од комбинатот и таму ја обезбедуваат личнаат егзистенција, има лик кој што ете од некоја свој причини тера некаква квази зелена агенда, па сака преку ноќ да се ослободи од РЕК-от целиот овој крај и ткн. Така што преку тие некои крајности и контрасти сакаме да дојдеме до поента дека решение не е ниту преку нешто што може да се направи преку ноќ, нуту пак дека треба да спиеме на увото дека времето ќе ни ги реши проблемите. Факт е дека мораме да размислуваме во некаква блиска иднина да најдеме некакви алтернативни извори на енергија кои нема да го загадуваат целиот овој регион, а ќе ја обезбедат онаа енергија што ни е потребна за нормален живот“ вели авторот Сашо Кокаланов.

Претставата е црна комедија, трае околу 45 минути и ја изведуваат тројца млади актери. Во Битола се одигра во паркот кај јавните тоалети во центарот на градот.

„Оваа претстава носи една многу јасна порака, а тоа е нели загадувањето како глобален проблем со кој се соочуваме сите ние како поединци. За жал се богатат на грбот на луѓе кои што ги губат своите животи и живееме се повеќе во едно такво корумпирано општество и мислам дека претставата е наменета за секаков вид на публика. Токму затоа ја играме на отворено, ние не бираме театарска публика, ние не работиме со неко знаци што не може да ги разбере обична публика која што не следела редовно театар, така што оваа претства можат да ја гледаат сите оние кои што се добронамерници, оние кои поминуваат по патот и многу јасно да ја видат нашата поента“ вели актерката Надица Дојкоска.

„Пораката што ја пренесувам е…впрочем јас сум негативецот во целата оваа претстава затоа што ја сум инжинер во битолскиот РЕК. Јас ја поддржувам работата на РЕК-от и слатка ми е платата. Пораката што сакаме да ја пренесеме со оваа претстава е да се намали загадувањето и генерално од сите големи фабрики во Македонија“ вели актерот Димитар Паскоски.

Од „Еко Свест“ велат дека ваквиот тип на претстави се наменети да допрат до широката јавноста за потребата да се направат промени во однос на производството на електрична енергија од фосилни горива и запознавање на јавноста со процесот на праведна транзиција.