Црнобуки против ветераните од Партизан денес од 17 часот

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Ветераните на белградски Партизан синоќа пристигнаа во Битола и предводени од поранешниот репрезентативец Милан Стојановски денес ќе одиграат Меморијален фудбалски натпревар во битолското село Црнобуки.

Само што заврши прес конференцијата на која присутен беше и директорот на Агенцијата за млади и спорт Драган Каевски, заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески, претставници на ФК Партизан и легенди на македонскиот фудбал.

Во чест на Трајан Кочишки – Куљата, тим составен од македонски ветерани ќе им се спротистави на „црно-белите“. Ако Стојановски и Вучичевиќ го предводат Партизан, за домашната екипа ќе играат Христов, Ќумбев, Веселиновски, Герасимовски, Балдовалиев. Натпреварот е од 17 часот.

Ова гостувањето на ветераните на Партизан предизвика гопем интерес и треба да биде отпочнување на една традиција на одигрување на ревијални натпревари.

Организаторот Црнобуки ЗЛ е амбициозен третолигаш, кој минатата сезона заврши на второто место во југозападната група, а годинава ќе се обиде да нападне и промоција во ВМФЛ-Запад.

Денешниот настан ја доби поддршката и од Општина Битола.

Share.