ЦРППР потпиша два Договори за поттикнување на регионалниот развој

0
300

На 13.04.2018 година помеѓу Министерството за локална самоуправа на РМ и Центарот за развој на Пелагонискиот регион беа потпишани два Договори за финансирање на конкретни активности за поттикнување на рамномерниот регионален развој.

Согласно потпишаните договори, а во рамките на проектот Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој, поддржан од Швајцарската Влада, во текот на 2018 година ЦРППР ќе организира серија од регионални Форуми во заедницата во кои што ќе бидат вклучени жителите од општините во Пелагонискиот регион, а на кои преку инклузивен и транспарентен процес, ќе бидат дефинирани регионални приоритети.

Со средства обезбедени од Швајцарската Влада дел од тие приоритети ќе биде и реализиран.

Исто така, согласно потпишаните договори, Министерството за локална самоуправа ќе продолжи да ги финансира и поддржува активностите на Бизнис центарот кој функционира во рамките на ЦРППР, пред се, за обезбедување на советодавни услуги за малите и средни претпријатија во регионот.