Чавков, Мукоски, Дурловски ја чекаат одлуката на Врховниот суд

0
289

Во Врховниот суд почна јавната расправа по жалбите на притворените за настаните од 27 април. 13 лица бараат укинување на мерката притвор.

Одлуката ќе ја донесе Кривичниот совет на Врховниот суд.

Пред почетокот на јавната седница обвинителството достави предлог до петочлениот совет на судии кои постапуваат по жалбите. Претседателот на советот, Јово Вангеловски даде пауза за да може предлогот во писмена форма да им биде врачен на сите бранители. Содржината на предлогот од обвинителството ќе се знае по паузата.

На денешната јавна седница сите обвинети и нивните адвокати ќе ги презентираат причините поради кои бараат да им се укине притворот. Во големата сала на Врховниот суд меѓу останатите обвинети присутни се Митко Чавков, Мунир Пепиќ, Душко Лазаров, Сашо Василевски, Крсто Мукоски и Игор Дурловски. Врховниот суд има рок од 48 часа по прием на решението да одлучи по жалбите.

Апелација пред околу еден месец им го замени затворскиот притвор со куќен на Богдан Илиевски, Борис Дамовски, пратеникот Љубен Арнаудов, Јане Ченто, Иван Цветановски – дел од кабинетот на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски и на Оливер Радулов од УБК.