Чавков не ја почитувал мерката за куќен притвор

0
333

Поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков по одлуката Врховниот суд два пати не бил најден на адресатата што била наведена како место на кое ќе го издржува куќниот притвор, велат од Кривичниот суд во Скопје.

На брифинг со новинарите, претседателот на скопска единица, Иван Џолев изјави дека од полицијата добиле известување дека Чавков бил на друга локација, односно дека самоволно одлучил каде ќе ја издржува мерката куќен притвор.

Одлуката за притвор била донесена по поднесување на обвинителниот акт, појасни Џолев и информираше дека во однос на изречените мерки досега се пристигнати девет жалби.