Чаневски: Се чувствува замор, треба да се фокусираме на следните предизвици

По елиминацијата од Магдебург во Лигата на Европа и поразот од Вардар во домашниот шампионат, битолскиот Еурофарм Пелистер попладнево загуби и на гостувањето во СЕХА лигата кај словачкиот Татран Прешов со 32-28. На прес-конференција по натпреварот своите впечатоци ги споделија тренерот Мојсов и капитенот Чаневски.

Божидар Мојсов
(тренер на Еурофарм Пелистер)

Денес бевме малку несреќни во некои ситуации. Без разлика на поразот, имам чувство дека го дадовме максимумот. Татран во вториот дел го покажа својот квалитет и карактер. Нам ни преостанува последниот натпревар во групата против ППД Загреб.

Градимир Чаневски
(капитен на Еурофарм Пелистер)

Во овој момент ни недостигаат неколку ракометари, а се чувствува и замор од одиграните натпревари минатиот месец. Сега треба да се фокусираме и да се подготвиме за она што нè чека пролетва.

Утре пелистерци се враќаат во нашата земја и ќе почнат да го подготвуваат натпреварот од четвртото коло на плеј-офот на Суперлигата против Пролет в среда во Битола.

Сподели