ТЕРА

REKLAMA???

ЧАРЛС ТРЕТИ И ОФИЦИЈАНО Е ПРОГЛАСЕН ЗА БРИТАНСКИ КРАЛ

Кралот Чарлс Трети и официјално е крунисан за британски монарх, на церемонија која за прв пат се емитуваше во живо.

Чарлс автоматски стана крал кога неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, почина во четвртокот, но церемонијата за прием е клучен уставен и церемонијален чекор во воведувањето на нов монарх во земјата.

На церемонијата во палатата Сент Џејмс во кралската резиденција во Лондон, присуствува и Советот за пристапување, кој се состои од високи политичари и функционери кои го советуваат монархот. Тие прво се сретнаа без Чарлс за официјално да ја потврдат титулата, а потоа тој им се придружил за да даде серија заклетви и изјави.

На церемонијата Чарлс беше придружуван од неговата сопруга Камила, кралицата сопруга и неговиот најстар син принцот Вилијам. Вилијам сега е престолонаследник и познат по титулата што Чарлс долго ја има, Принцот од Велс.

Чарлс Трети официјално е именуван за монарх на Австралија и на Нов Зеланд на церемонии кои се одржаа во главните градови на тие земји.