Чаусидис: Бараме пристојни услови за работа и пристојна плата

0
279

Започна протестот по повод Први мај во организација на Повелбата за солидарност во која дел е и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници(ССНМ). Тие маршот го започнаа на плоштадот Карпошово востание, а ќе продолжат кон Собранието и Владата.

Пораката на овој марш е дека новинарството не смее да биде слабо платена и несигурна работа.

Бараме пристојни услови за работа и пристојна плата, порача денеска претседателката на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) Тамара Чаусидис пред почетокот на Првомајскиот протест.

– Изминативе неколку години дел од синдикатите не се согласија да молчат. Беа на улица, денеска се повторно на улица. Добивме многу ветувања, но ситуацијата не се подобрува, истакна Чаусидис.

На протестот што го организира ССНМ се придружија и Синдикатот на културата на Република Македонија, Синдикатот на македонската дипломатска служба, како и Независниот академски синдикат.