Честитка од Петровска по повод празникот Курбан Бајрам

Градоначалничката на Општина Битола упати честитка до припадниците од муслиманска вероисповед по повод празникот Курбан Бајрам.
„Почитувани, Ви го честитам големиот муслимански празник Курбан Бајрам. Посакувам празничните денови да ги поминете во добро здравје, мир во душите и меѓусебна почит. Карактеристиката на овој празник, нека ја зголеми вербата во доброто кај луѓето и солидарноста, за подобра иднина на сите нас”, стои во честитката на Петровска.
Сподели