Четири битолски групи на скопски „Underfest“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Четирите битолски групи Sound Waves, Misanthrope, Поетика и Фосфен ќе настапат на скопски Underfest кој ќе се одржи од 5 до 7 Април 2019 во просториите на Public Room во Скопје и на него ќе настапат преку 50 артисти, а влезот за сите настани е бесплатен.

Underfest е прогресивен мултимедијален фестивал кој ги обединува музиката и уметноста и нуди тридневно комплетно уживање во сите сегменти од урбаната култура. Примарна цел на фестивалот е афирмирање на помалку познатите артисти, фестивал кој ги вреднува автентичноста и креативноста и го отвoра јавниот простор за младите и неетаблирани музичари и уметници и со тоа придонесува за нивна афирмација и промоција.

Битолската рап група „Поетика“ ќе настапат во петок на 05 април, Поетика е македонска рап група која може да се пофали со 8 годишно активно постоење и творење на сцена, и тоа не било каква, можеби една од потешките за опстанок поради многу причини. Поетика е оформена на 20.08.2010та година. Групата ја сочинуваат Дејан, Јове и Владе.

Од 2010та Поетика почнува активно со снимање песни и спотови и организирање рап журки/промоции при што имаат издадено четири студиски албуми “Предмет На Истрага“, „Ултиматум“, „Гласови“ и „Артефакт“.

Следниот ден во сабота на 06 април настапуваат „Фосфен“ тие се инди/поп-рок прогресивци од Битола, основани во 2016 година. Имаат одржано повеќе настапи на алтернативната сцена низ Македонија и го промовираат нивното деби „Cardboard Covers“.

Истата вечер настапуваат и популарните Sound Waves од Битола, кој како cover band имаат настапувано на преку 200 свирки низ 13 градови во Македонија и учествувано на 3 фестивали. Тие се млади, но многу талентирани музичари кои се на возраст од 22-25 години. Свират Rock/Hard Rock, и нивните настапи се препознатливи по енергијата што ја пренсуваат на публиката.

Членови за бендот се: Вокал/Соло гитара – Марјан Ѓаковски; Ритам Гитара – Љупчо Даскаловски; Бас Гитара – Димитри Дојчиновски; Тапани – Христијан Станковски.

И за крај на програмата предвидена за саботното издание на „Underfest“, настапуваат Треш-металците Misanthrope кои се доста популарни кај младата публика.

Misanthrope е новооформен thrash-death metal бенд, формиран во 2016 година од Антон Китос и Андреј Петровски, кои први го добија стимулот да направат своја група. Подоцна нив им се приклучуваат Бојан Анакијевски и Стефан Ѓуровски.

Нивниот бенд зема инспирација од големите бендови како Megadeth, Kreator, Sepultura, Vader, Morbid Angel, Destruction и други. Зимата во 2019 година се вршат припреми за снимање на нивниот прв албум, веќе напишан и подготвен за да се истакни на повисока платформа. Досегашните свирки ги одржале во разни кафичи во Битола и Скопје, како и на повеќе фестивали. Структурата на бендот се содржи од тапанарот Бојан Анакијевски, басистот Стефан Ѓуровски, соло гитаристот Андреј Петровски и пеач и ритам гитаристот Антон Китос.

Од 5 до 7 април Скопје ќе биде домаќин на „Underfest“ со тридневна програма на алтернативната музика, а влезот за сите настани е бесплатен.

Share.