Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов за Тера кажа дека во моментов четири „Ер трактори“ летаат за Битола за гасење на пожарот, кој вчера попладне избувна на ридот над обиколницата.
Два „Ер трактори“ се од Дирекцијата за заштита и спасување, а два од Република Турција, како дел од помошта кој ја испратија за справување со пожарите во Македонија.