Четири жртви и 145 исчезнати во земјотресот на Тајван

0
640

Спасувачките служби продолжуваат во средата да ги пребаруваат урнатите згради во потрага по 145 исчезнати по земјотресот со магнитуда од 6,4 степени во кој ноќта кон средата во тајванското летувалиште Хуалиен загинаа најмалку четири лица.

Во Хуалијен, што се наоѓа на 180 километри од главиот град Тајпеј, живеат околу 100.000 лица. Улиците се уништени, а 40.000 домови останаа без вода и околу 1.900 без струја.