Четири луѓе загинаа во уривањето на пешачки мост на Флорида

0
172

Четири лица загинале кога се урна пешачки мост во Меѓународниот универзитет на Флорида. Десетина други биле повредени и пренесени во болница, додека осум возила останале заробени под урантините на мостот. Мостот кој бил долг 53 метри и тежел 950 тони бил поставен на 10 овој месец. Мостот чинел над 14 милиони долари и изграден да го поврзува студенсткиот кампус со местото Свитвотер.