Четири повредени лица во сообраќајка на влезот на Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На 10.12.2018 година околу 9,30 часот се случила сообраќајна незгода на патот Битола – Прилеп, пред влез во Битола, помеѓу патничко моторно возило „Фиат пунто” со битолски регистарски ознаки, управувано лице од село Сопотница, Демир Хисар со сопатникот  исто така од село Сопотница и товарно моторно возило „Фиат Дукато“ со битолски регистарски ознаки, управувано од лице од село Ерековци, прилепско и сопатник  од истото село. Во незгодата едно лице се здобило со тешки телесни повреди ,а другите три лица се здобиле со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен е увид на местото на настанот, соопшти полицијата.

Share.