Четири товарни возила се судрија во Словенија, еден загинат

0
316

Во тешка сообраќајна несреќа во Словенија во која што учествувале четири товарни возила загина едно лице. Три возила изгореа во големиот пожар до кој дојде по сообраќајката.

Во пожарот изгоре цистерна со нафта, во која што загина 38-годишен Хрват, соопштија од полицијата.

Според досегашните информации причина за несреќата е неприлагодена брзина на условите на патот. Возачот на цистерната се залетал во колона на камиони.

Патот бил затворен 11 часа, а дел од нафтата истекол и на коловозот, но нема опасност по околинат.

a1on.mk