Чирковиќ: Вечерва не загубивме, туку научивме лекција

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Ѓорѓе Чирковиќ одлично го подготви натпреварот во Хановер, но неискуството како екипа го чинеше тимот на Еурофарм Работник пораз на дебито во групната фаза.

По драматичните 24-21, српскиот стручњак на официјалната прес-конференција изјави:

„Честитки за победата на Хановер. По мое мислење, вечерва не загубивме, туку научивме лекција. Знам дека Хановер има проблеми со повредени ракометари и им посакувам да ги надминат тие проблеми. Ние имаме уште пет натпревари да го покажеме нашето најдобро издание“.

Share.