Чирковиќ: Да ни понудеше некој ваква разлика пред мечот, сигурно ќе прифатевме (ВИДЕО)

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Српскиот стручњак Ѓорѓе Чирковиќ за ТЕРА ТВ го анализираше натпреварот против Берн, победата од 29-19 и првите 60 минути од двомечот.

„Ваков резултат пред почетокот на натреварот беше незамислив за нас. Па, некој да ни понудеше +10, со две раце ќе прифатевме. Победа од десет разлика против швајцарска екипа со само 19 примени голови е прекрасна залиха пред реваншот. Бевме трпеливи и иако стравувавме што немавме компетитивни натпревари еден месец, сепак одигравме во високо темпо 60 минути. Со овој резултат имаме големи шанси за пласман во групната фаза на ЕХФ Купот“, рече Чирковиќ.

В петок експедицијата на Еурофарм Работник патува за Берн, а дуелот со швајцарскиот претставник ќе го игра в недела од 13:00 часот.

Share.