Чирковиќ: Победникот ќе се реши во Берн, два часа сме до клупска историја (ВИДЕО)

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Tри дена пред европското деби против Берн, Еурофарм Работник на прес-конференција ги најави очекувањата. В сабота од 17:30 часот следи првиот од двата натпревари против швајцарскиот претставник. На прес-конференцијата говореше тренерот Ѓорѓе Чирковиќ:

„Ни престојат два натпревари против една од најсилните швајцарски екипи, а 120 минути не делат од пласманот во лигата на Европа. Во сабота се првите 60 минути во Битола и ќе ни треба многу работа, концетрација, волја, кои мораме да ги искористиме максимално. Убеден сум дека победникот ќе се решава во Берн. Затоа ја користам оваа прилика да ги повикам сите да бидат во салата в сабота бидејќи оваа екипи со односнот кон работата и игрите кои ги прикажа го заслужува. Берн е одличен противник, добро подготвен на секој план и затоа посакувам победнички амбиент на трибините, за дополнителна енергија и да направиме голем успех“.

Денес беа пуштени влезниците за продажба. На три продажни места во Битола: Тобако Вагабонд – Brother tobacco (Широк Сокак), Тобако Снеки нова (градско шеталиште) и Тобако All in one (новиот пазар) по цена од 100 денари, љубителите на ракометот ќе можат да го купат својот билет.

Share.