Чистење на одводните канали на патот за с.Буково

0
1075
SONY DSC

На локалниот пат Битола – Буково, во тек е чистењето на каналската мрежа за атмосферско одводнување, кое се врши во вкупна должина од 2400 метри, односно по 1200 метри од секоја страна на патот. Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, денеска на терен изврши увид во динамиката и начинот на кој се реализираат активностите за чистење на одводните канали на локалниот пат.

SONY DSC
SONY DSC

Со чистењето на каналската мрежа, се решаваат многу од проблемите во овој дел на општината, кои се појавуваа многу често, а се манифестираа како: поплавување на парцелите покрај патот, поткопување на банкините и оштетување на коловозот на локалниот пат за село Буково.

SONY DSC
SONY DSC

Вкупната вредност на инвестицијата на Општина Битола за оваа цел изнесува 162 408,00 денари.

SONY DSC
SONY DSC