Чичаковски, Дума, Милев, Бонева и Јакупи добија апанажа

0
149

Петмина поранешни членови на Државната изборна комисија ќе добијат апанажа, одлучи собраниската Комисија за избори и именувања. Апанажа во траење од една година ќе добијат поранешниот претседател на ДИК, Александар Чичаковски, како и членовите од редовите на СДСМ – Виолета Дума и Игор Милев, Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ и Субхи Јакупи од ДУИ. Другите тројца поранешни членови на ДИК, Реџеп Прекопуца, Атанас Урумов и Сашо Срцев не побарале апанажа. Тие се враќааат на претходните работни места.

Членовите на ДИК поднесоа оставки по обелоденувањето на скандалот со делење високи бонуси на изборите.