Чкембарите се огласија со како што велат последно предупредување

0
2172

Откако во јавноста се огласија мнозинските акционери на ФК Пелистер, а како реакција на прес конференцијата на Општина Битола, со реакција, односно како што велат последно предупредување, се огласи навивачката група „Чкембари“ преку својот Фејсбук профил.

Во своето предупредување велат дека се толерираше работата доста време, ситуацијата во клубот е полоша од било кога и едните и другите излегваа со некави пресметки и соопштенија, и дека нив како навивачка група не ги истересира кој и колку должи, туку дека  најважно и најсвето пред се им е клубот Пелистер. Понатаму велат дека нивно е да предупредат за последен пат.

„ Оти гледаме си давате рокови едните со другите и ние ви даваме рок најкасно до крајот на Празникот 9-ти Јануари да се има исплатено долгот кон клубот (НЕ НЕ ИНТЕРЕСИРА КОЈ ДОЛЖИ ,ВИЕ СТЕ СОПСТЕНИЦИ ЕДНИТЕ 25% другите 75% И ЗАЕДНО ДОЛЖИТЕ ) гледаме незаинтересираност и дека клубот сакате да замине низ вода, да бидете свесни дека тоа нема да го дозволиме, па макар и сите до еден да заглавиме во затвор, цела Битола ќе излези и ќе ви ја донесиме на врата“ стои во нивното соопштение.

Велат дека после 12 години лага, сега тие сами ќе си се бранат и дека времето е кусо заради нивните препукувања, а клубот е на раб на банкрот, велат тие.

И додаваат дека доколку до крајот на празникот не се подмират сметките кон ФК Пелистер, ги предупредуваат заедничките акционери дека тие ќе настапат на сцена за да го спасат клубот. Велат дека ако е потребно тие заедно со граѓаните на Битола ќе ги соберат парите и ќе го исчистат клубот“ стои во нивното предупредување до сите сопственици на клубот, директори, советници, претседатели и слично.