Шаховскиот клуб „ШАХ-ШЕХ “- Битола денеска го организираше традиционалниот турнир во забрзан шах „ШАХ-ШЕХ Вавилон опен“.
На турнирот учествуваат шахисти од сите градови и клубови во Македонија, но и шахисти од другите балкански држави.
177 учесници од 7 до 89 години, од Македонија, Србија, Грција, Црна Гора и Бугарија.
Соработката на клубот „ШАХ-ШЕХ“ со клубовите од соседните држави резултира со организирање на бројни турнири, во Битола, но и во соседна Грција.
Турнирот е рејтингуван и се игра според правилата на ФИДЕ во девет кола со темпо на играње од 10 минути со додаток од 5 секунди за секој потег.
Турнирот е од отворен карактер и право на учество имаше секој шахист.
Учесниците ги поздрави градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.
Пред почетокот на турнирот главниот судија Тони Китовски ги објасни правилата за игра.
На крајот од турнирот и прогласувањето на победниците, а за најдобрите пригодни награди.
Зоран Попчевски кажа дека клубот сака на посебен начин сака да го одбележи овој настан и да им подари на сите шахисти и љубители на шахот, шаховска химна за која беше речено дека се надеваат оти од сите ќе биде прифатена.
Химната е напишана од претседателот на клубот, а во живо беше изведна од бенд специјално формиран за оваа пригода.
Стевче-вокал, Виктор-соло гитара, Зоран-соло гитара, Миле-бас гитара и Славчо-тапани.