Шведска донација во Заводот „Кочо Рацин“ во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Со цел подобрување на условите на децата кои што се сместени во Заводот со оштетен слух, говор и глас и други пречки во развојхот „Кочо Рацин “ од Битола, шведската хуманитарна организација Hand till hand ги реновираше трпезарискиот дел и тоалетите во оваа установа. Соработката со Заводот започнала во 2016 година, и од тогаш до денес работеле на 7 заеднички проекти, каде што реновирани се повеќе објекти, а вкупната инвестиција изнесува 100 илјади евра.

Од Заводот се заблагодарија на донацијата, и најавија дека нивната соработка ќе продолжи и во иднина.

Русенгрен ја потенцираше одличната соработка со општината, каде што по остварената средба со градоначаличката Петровска било договорено во наредниот период да обезбедат сензорна соба за децата со пречки во развојот во ОУ.Ѓорѓи Сугарев. Исто така најави дека ќе продолжат со донации и во клиничката Болница во Битола. Досега таму имале 5 донации во висина од 900 илјади евра.

Во Заводот  со оштетен слух, говор и глас, и дуги пречки во развојот „Кочо Рацин “ од Битола моментално се регистрирани 73 деца од цела држава од кои четириесетина се интернатски сместени.

Share.