Шест лица повредени во сообраќајка кај Тополчани

0
2431

Во 15:15 часот се случила сообраќајна незгода на патот Прилеп-Битола кај Тополчани. Во незгодата учествувале три патнички моторни возила и сите три се движеле во правец кон Битола.

Едно лице, возачот на охридско Пежо се здобил со тешки телесни повреди и бил хоспитализиран на клиниката во Битола.

Други пет лица поминале со лесни телесни повреди.

Двете други возила биле со прилепски регистарски ознаки, Опел Зафира и Хјундаи Санта Фе.

Патот Прилеп-Битола како што известуваат од АМСМ е повторно отворен за сообраќај.