Шест новороденчиња во „Плодност“ во првите два дена од Новата 2018

0
10042

Малата Катина е првото бебе родено во Новата година во Болница Плодност , но и најубав подарок за мајката и таткото Јасмина и Јани Божиновски. Тешка два килограми и 600 грама, а долга 48 сантиметри, малата Катина се родила во 9.54 минути. Ова и е втора рожба на 30 годишната Јасмина, а дома Катина ја чека постаро братче. Покрај Катина на 1 јануари на свет во Болница „Плодност“, дојдоа уште две бибиња Николај и Сара, а веќе во текот на денешниот ден се очекуваат уште три бебиња.

-Во текот на вчерашниот ден во нашата болница се родија три новородени бебиња, две женски и едно машко бебе. Првото новороденче се роди околу 10 часот, второто околу 11 а третото околу 12 часот. Со оглед на фактот дека сега имаме уште еден пороѓај, две мајки чекаат да се породат, значи дека во оваа година ќе имаме 6 новородени бебиња до овој момент. Ова е само уште една потврда за квалитетот и работата на нашата болница.Изминатата 2017 во Болница „Плодност“ се родија 547 бебиња. Покрај зголемениот број бебиња, во 2017 година беше зголемен и бројот на хируршки интервенции и реализирани прегледи, како и ин витро постапки.  изјави д-р Таше Трпчевски, Суб.специјалист гинеколог акушер во Болница „Плодност“.

Пред 6 години годишната бројка на новородени бебиња во болница „Плодност“ била 220, сега како што велат од таму од година во година им се зголемубал бројот на новородени живи бебиња . Д-р Таше Трпчевски уште еднаш ја потенцираше успешната работа на Болница „Плодност“ во 2017 година.

-Ни се зголеми бројот на инвитро постапки, се зголеми бројот на раѓања, ни се зголеми бројот на интервенции, се зголеми бројот и на оперативни зафати. Ги работиме најтешките операции во гинекологијата со вадење на лимфни жлезди. Оваа година ќе реализираме голем дел од програмата на инвитро оплодување со воведување на предимплантациона дијагностика.Треба да пристигне апаратот ендиоскоп со кој ќе примениме нова метода која што се вика ембриоскопија, кога спојувањето на гаметите, машките и женските, ќе го гледаме под видео-надзор 24 часа. Ќе бидеме прва болница во Македонија која што ќе ја работи оваа метода, а со тоа очекувам дека ионака високиот процентот на бебиња, уште повеќе да се  зголеми, рече д-р Трпчевски.

Од  Болница „Плодност“ велат дека  и годинава ќе продолжат  да го негувааат квалитетот во понудената здравствена заштита и грижата за пациентите, со што докажуваат дека се лидери во регионот во однос на понудените здравствени услуги.