Шеќеринска во Битола на отворањето на Меморијалниот комплекс

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во рамките на прославата на стогодишнината од крајот на Првата светска војна, францускиот Меморијален комплекс денеска е отворен на Француските воени гробишта во Битола, во присуство на министерката Женевиев Дариесек Државен секретар во Министерството за Вооружени сили и Радмила Шекеринска заменик на претседателот на Владата и министерка за одбрана.

Меморијалниот комплекс во Битола е посветен на споменот на француските војници кои се бореле на Македонскиот фронт, како и на локалното население кое ја доживеало таа војна, заедно со нив. Сместен на Француските воени гробишта кои постојат во овој град уште од крајот на Првата светска војна, овој нов меморијален простор им оддава почит на војниците и зборува за значајното место што Македонскиот фронт го има во европската историја.

 

Share.