Шеќеринска и француските гости за преговорите за името и нон-пејперот

0
521

Фокусирани сме на решение, на шанса за нашата држава, и нема да дозволиме невнимание тоа да го уништи, изјави денес во Битола, вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска во врска со текот на преговарачкиот процес меѓу Република Македонија и Република Грција.

-Двајцата министри договорија рамка која сметаме дека ќе биде добро решение за Македонија и за Грција и ќе биде добра вест за целиот регион. Остануваат последните чекори и тие се подеднакво важни и често пати дури и потешки. Очекуваме двајцата премиери да разговараат за сите детали и очекуваме во кратко време, доколку има понатамошен напредок, да имаат и заедничка средба. Фокусирани сме на решение, на шанса за нашата држава и нема да дозволиме невнимание тоа да го уништи, рече Шекеринска на отворањето француски Меморијален комплекс во Битола.

Потсети дека нашата татковина никогаш не била во лесни ситуации, никогаш пред нас не стоеле лесни одлуки.

На новинарско прашање до државната секретарка во Министерството за вооружени сили на Република Франција Женевјев Дарјесек во врска со нон-пејперот што проциркулира низ државите членки на ЕУ, изјави:

-Да се зборува за еден работен документ што нема никаква официјална важност, а знам дека во последно време се пишуваше низ медиумите за него, е навистина нешто што допрва ќе треба да се разгледува и затоа треба кон крајот на месец јуни да размислиме за стигнување до вашата конечна цел. Знам дека беше направена огромна работа, ви претстои уште, и свесни сме за напредокот што го постигна државата, одговори Дарјесек.