Шеќеринска ја пречека британската премиерка Тереза Меј

0
592

Попладнево на скопскиот аеродром премиерката на Велика Британија, Тереза Меј беше пречекана од вицепремиерката Радмила Шеќеринска.

Обединетото Кралство ја поддржува Македонија во нејзините напори да го реши спорот за името, а решението ќе донесе придобивки и за двете земји, порача британската премиерка Тереза Меј на прес конференцијата по средбата со македонскиот премиер Зоран Заев.

„Знам дека и двете земји Македонија и Грција се посветени на изнаоѓање на решение за името, а тоа бара политичка храброст и волја за тешки одлуки. Но, од таквото решение ќе имаат придобивки и двете земји и затоа можете да сметате на целосната поддршка на Обединетото Кралство на овој пат. Сакаме да ја видиме Македонија позитивно да чекори кон овој пат,“ изјави британската премиерка Меј.

„Можеме да видите што се случи по парламентарните избори, се случија големи промени и Македонија се отвори кон другите држави. Може да сметате на нашата поддршка. Вашата земја е интегрален дел од Европа. Нашето пријателство ќе јакне и понатаму, иако повеќе не сме членка на Европската Унија,“ додаде премиерката Меј.

Премиерот Заев и се заблагодари на премиерката Меј за поддршката што доаѓа од Велика Британија и побара да ни биде овозможена европската иднина, која како што рече, ја заслужуваме.