„Шкода Јети“ и „Хјундаи Акцент се судриле, двајцата возачи повредени

0
1389

На 11.03.2018 година во 09,30 часот во Битола, на улица „Гоце Делчев“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Шкода Јети“ управувано од 41 годишно лице од село Кравари, битолско и патничко моторно возило „Хјундаи Акцент.“ со битолски регистарски ознаки управувано од 46 годишно лице од село Оптичари, битолско. Во незгодата двајцата возачи се здобиле со повреди, по што им е укажана лекарска помош во Клиничка болница Битола. Извршен е увид на местото на настанот, соопшти битолската полиција.