Шон Пол во Скопје

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Една од најактуелните светски ѕвезди, јамајканскиот суперстар Шон Пол на 23 -ти август ќе гостува во Скопје, во рамките на неговата светска турнеја, од сите локации во регионов, Шон Пол ќе настапи само во Скопје.
Една од најголемите ѕвезди на денешницата, на дружба со македонската публика пристигнува директно од Кардиф, Велика Британија, а по Скопје продолжува кон Азија. Повеќекратниот Греми добитник на скопскиот концерт доаѓа со својата комплетна екипа составена од врвни танчари и музичари. Влезниците за овој уникатниот настан во организација на Fusion Production и Akasha booking во ќе може да се купат преку продажните мрежи на karti.com.mk и mktickets.mk, како и на kupikarti.mk.
Шон Пол Енрикес е роден на Јамајка. Потекнува од спортско семејство, и сосема логично било и тој да се занимава со спорт. Тоа всушност и го правел додека бил на возраст меѓу 13 и 21 година. Но тука завршува спортската приказна и покрај талентот, затоа што разбира дека негова љубов е всушност музиката. Првиот сингл го издава во 1996 година – „Baby girl (Don’t cry)“ со продуцентот Џереми Хардинг. Песната станува популарна и не само на Јамајка. 1999 година е година на негов пробив, а веќе во 2000 излегува деби студискиот материјал „Stage One“ и тогаш всушност и светот слуша за Шон Пол. Во 2002 година следува „Dutty Rock“ – албум кој се продава во 6 милиони копии.
Во 2004 ја добива првата Греми статуетка за најдобар реге-албум. И тоа е само почеток, затоа што во портфолиото на Шон Пол се запишани неколку Билборд музички награди за најпродаван реге музичар и реге албум; потоа за омилен поп или рок музичар на Американските музички награди, најдобар реге пејач на Јамајканските награди.

Не помалку успешен е и неговиот следен проект „The Trinity“ кој се продава во над 4,5 милиони копии.

И уште еднаш – заокружете го 23 август 2018. Единствениот датум и единствена можност за да присуствувате на овој незаборавен спектакл.
ШОН ПОЛ ВО СКОПЈЕ, ШОН ПОЛ ВО МАКЕДОНИЈА.

Share.