ТЕРА

REKLAMA???

ШПАНИЈА ДЕЛ ОД ФЕСТИВАЛОТ НА МОНОДРАМА

На Новата сцена од Центарот за култура беше изведена монодрамата „Крвава свадба“ на театарот Абрего Кантабрија, Шпанија.Претставата е по мотиви од Ф.Г. Лорка, адаптација Пати Доменек, режија Хорхе Лопез и Пати Доменек, актер Мариа Видал.

Ко-продукцијата на Abrego Productions (Шпанија) и Desdelsur Theatre (Аргентина), започнува како резултат на висцералната конфронтација помеѓу строгите вредности наметнати од страна на законите и бескорисната крвава борба на некој кој продолжува да се бори со цел да задржи мал дел од индивидуалната слобода, и покрај тоа што е дел од тоа општество.

Првиот одраз е делегитимирање на политичкото и родовото насилство или неговата употреба како поетска дозвола. Ова дело започнува како истражувачки процес на “Универзумот на Лорка” до иновативно сценско дело. Го крши “конвенционалниот Лорка” и го претвора во нешто “полорковско”, со тоа што во исто време е театар кој истражува и театар кој е иновативен.

Лорка успева да допре до публиката одвоена од театарската естетика, со внесување на основните проблеми на шпанското општество преку фарса, комедија, иронија и драма кои биле причини за најозогласените скандали и контразверзии на неговото време.

Во ова интердисциплинарно шоу каде се комбинираат пеењето, фламенго и современите танци, глумата и видео проекциите се испреплетуваат три трагични приказни. Приказната за вистинските луѓе кои го инспирираа Лорка во 1928 година, приказната на мајката, месечината и невестата од драмата на Лорка и приказната на Федерико, како главен актер во претставата која завршува со апсурдна смрт.

Мајката, Невестата, Месечината, сите несомнено трагични ликови, се појавуваат во оваа монодрама што ја следи идејата која почна со “Срцето на Антигона”, како нов и возбудлив предизвик и за Мариа Видал, актерката која ги игра ликовите, како и за новата публика.