За време на вчерашниот втор ден од седницата за избор на новата влада, сите пратеници од Битола се појавија на говорница, Лозановска, Ангелевска и Милевски од ВМРО ДПМНЕ, Костадиновска-Стојчевска од СДСМ и Бендевска од ЗНАМ.
За како што рекоа катастрофалните состојби во кои се наоѓа државата зборуваа и Ангелевска и Лозановска, Милевски реплицираше на пратеничката Костадиновска-Стојчевска околу изборниот резултат во Битола, а на нејзиниот говор за како што рече во новото мнозинство имало асномци на батерии со реплика се јави и Бендевска од ЗНАМ која ја праша Костадиновска-Стојчевска што правела таа кога во Битола се отвараше бугарскиот клуб.
Еве што тие меѓу другото кажаа и си реплицираа во македонското Собрание.












