Што општините ќе направат за ромските заедници во Македонија!

0
566

8 Април е меѓународниот ден на Ромите. И за овој датум беше кажано што во иднина ќе се прави.

А проблемите на ромската заедница во Битола се и социјални, економски, образовни.


Велат дека се уште постои проблемот со перцепцијата кон нив, но сега и обидот од пасивни да станат активни чинители во градењето на нивното подобро утре.


За денешната промоција на РОМАКТЕД програмата на Советот на Европа во која партнер е општина Битола, а се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија, од Тетово дојде Ферди Исмаили од Ромската демократска развојна асоцијација Сонце. И зборуваше за чекорите за успех.


Општината која е една од 12-те во овој проект, вети дека ќе работи и во нивни интерес.


Останува времето да покаже како оваа програма ќе биде имплементирани и колку состојбата и на битолските роми ќе биде подобрена.