Што предизвикува лош здив кај вашето куче?

Орална нехигиена и пародонтална болест: Овие се најчестите причини за лош здив кај кучињата. Како и кај луѓето, таложењето на нечистотии и забен камен може да доведе до развој на бактерии а тие да предизвикаат лош здив. Ако вашето куче не џвака и немате време редовно да му ги миете забите, можеби веќе се случило натрупување на нечистотии. Со текот на времето, лошата хигиена може да доведе до пародонтална болест. Освен останатите симптоми, лошиот здив е еден од најзабележителните знаци.

Различни болести: Лошиот здив исто така може да биде показател на кучешки дијабетес, заболување на црниот дроб или бубрежни заболувања. Ако вашето куче има дијабетес, неговиот лош здив може да има мирис на нешто слатко како овошен мирис. Од друга страна, ако е бубрежна болест здивот на вашето куче ќе мириса на урина. Бубрежното заболување е сериозно и може да биде симптом на поголем медицински проблем и за тоа мора да го однесете на ветеринар. И на крај, ако здивот на вашето куче мириса исклучително лошо и тој исто така покажува и други симптоми, може да има заболување на црниот дроб, во овој случај веднаш однесете го на ветеринар.

Непријатни навики во исхраната: Без доволно внимание, кучињата честопати прибегнуваат кон нездрави навики. На пример, ако вашето куче редовно нурка во корпа за отпадоци или јаде од расфрланото ѓубренаоколу,нормално е тоа да резултира со лош здив. Во оваа ситуација, лошиот здив се должи на лошата хигиена.

Сподели