ТЕРА

REKLAMA???

ШТО ПРИЈАВИЛЕ ОД ИМОТ КОЊАНОВСКИ И ИЛИЕВСКА ВО АНКЕТНИТЕ ЛИСТОВИ!

Секој избран и именуван функционер е должен до Државната комисијата за спречување корупција да поднесе анкетен лист за имотната состојба. Пријавувањето е на почетокот на мандатот и откако ќе заврши, а целта е да се видат евентуалните настанати промени.

Како што рековме во претходниот прилог кога информиравме за координаторите и советнции од советничките групи, дека на ред се и градоначалникот и претседателот на Советот, како највисоки функции во Општина Битола.

Градоначалникот Коњановски во анкетниот лист поднесен откако седна во градоначалничката фотеља има пријавено три локации градежно земјиште, едната во Охрид, другите две во Битола. Сите стекнати со наследство. Две се заеднички, а една локација е личен имот. Пријавени се пет локации земјолско земјиште, а се наоѓаат во Ресен и во Охрид и за сите пишува дека се наследство. Четрири од нив се заеднички имот, а еден е личен имот. Од заеднички имот пријавени се згради во останато стопанство во Охрид, а стекнато со договор за подарок. Од заеднички имот и два дворови во Охрид, стекнати со договор за подарок. Пријавени се три куќи, две во Охрид заеднички имот, едната наследство, а другата подарок. Куќата во Битола е личен имот стекната со наследство. Има еден стан во Охрид личен имот, стекнат со договор за градба, потоа две лозја во Охрид и шума, сите стекнати со наследство, а се заеднички имот. Пријавил моторно возило Тојота корола, личен имот, стекнат со договор за купопродажба. Од личен имот и трансакциска сметка.

На интернет страницата на комисијата не најдовме состојба за времето кога беше советник.

Претседателката на Советот, Габриела Илиевска има поднесено две пријави, едната како советник во минатиот состав на советот, а другата пријава како претседател на Советот.

Во првиот анкетен лист е наведен стан во Битола имот на брачен другар, стекнат со наследство, моторно возило Шевролет спарк, личен имот стекнат со договор за купопродажба. Од личен имот наведени се и хонорар, трансакциска сметка и кредит.

Во другиот анкетен лист откако стапи на функцијата претседател на Советот, наведен е станот во Битола, три моторни возила, од кои едното е имот на брачен другар, а другите две личен имот, сите три со договор за купопродажба. Од личен имот и денарска штедна книшка со договор за подарок, потоа два кредити ,едниот на брачниот другар, а другиот личен. Од личен имот пријавена една дебитна и една кредитна картичка.