ТЕРА

REKLAMA???

ШТО ПРИЈАВИЛЕ СОВЕТНИЦИ ОД СОВЕТОТ ВО АНКЕТНИТЕ ЛИСТОВИ ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА

Секој избран и именуван функционер е должен до Државната Комисијата за спречување корупција да поднесе анкетен лист за имотната состојба. Пријавувањето е на почетокот на мандатот и откако ќе заврши, а целта е да се видат евентуалните настанати промени.

Во денешниот прилог за имотите на координаторите и советници од петте советнички групи во Советот на Општина Битола. По еден советник од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, СДСМ и Коалицијата, Поинаку, Левица, Дом и ДУИ.

Во анкетниот лист на советникот Бојан Бојкоски кој е и заменик градоначалник на Битола, а е и координатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ стои дека има возило Фолксфаген голф 5, како личен имот, а стекнат со договор за купопродажба.
Три сметки в банка, денарска, девизна и трансакциска. За сите три сметки стои стекнување на друг начин.

Во анкетниот лист на неговиот колега од СДСМ, кој е и координатор на советничката група на СДСМ, Методија Илиевски и кој има неколку мандати како советник, има повеќе пријавени состојби.

Во претпоследната од недвижен имот е пријавен стан во Битола, заеднички имот стекнат со наследство. Од долгови наведени се два кредити, едниот како заеднички имот, а другиот кредит долг како личен имот.

Во последната пријава состојбата е поинаква. Два стана, куќа, моторно возило, кредити долгови нема.
Kуќата заеднички имот, стекнат со наследство, во Битола. И двата стана се со наследство, а едниот е заеднички, а другиот личен имот. Во личен имот и возило Шкода октавија стекната со договор за купопродажба.

Советникот Иван Чулакоски кој е втор мандат советник во битолскиот совет, во едната пријава пријавил куќа во Битола имот на родителите, потоа пензија и плата од членови на семејството, а како личен имот паушал и плата и од долгови кредитна картичка.

Во другата пријава од имот е наведена куќа во Битола како заеднички имот стекнат со наследство, од личен имот дел од куќа стекнат со договор за подарок, моторно возило Ауди А4 и заем.

Советникот Горан Велевски од Левица во својот анкетен лист има наведено земјиште и куќа како имот на родители, земјиштето во Лера, куќата во Битола, стекнати со наследство и со договор за градба. Од личен имот моторно возило Мерцедер Ц220 и кредит.

Советничката од ДУИ, Мерита Исмајловска како заеднички имот има пријавено куќа во Битола стекната со наследсво, а од личен имот има пријавено возило Фиат пунто, стекнато со наследство.

За советничката Анастасија Трајковска која не е член на советот од нејзиниот почеток, туку подоцна по заминувањето на Груевски од ЛДП, на страницата на комисијата не најдовме податоци.

За претседателката на Советот, Илиевска и градоначалникот на Битола, Коњановски како највисоки носите на функции во Општина Битола во следен прилог.