Што со децата на улица ?

0
163

Зима или лето овие малолетни деца и многу други врсници можат да се забележат по крстосници или во кафулињата. Сведочат за големата сиромаштија во државата но и пропустите на надлежните институции кои со години не успеваат да се справат со оваа проблематика. Родителите егзистенцијата ја гледаат преку нив кои ги принудуваат на питачење, кои наместо да се пред школските клупи тие се изложени на сонце и под ризик од секакви заболувања.

Од Министерството за труд и социјална политика информираат дека точна бројка на деца на улица не постои во државата.

Министерката Царовска на денешната прес конференција вели дека за овие деца треба системско решение.

Таа го спомена и отворањето на три нови регионални преноќувалишта за бездомни лица во Битола ,Струга и Струмица.

Вкупната точна бројка на деца на улица непостои во државата, но согласно податоците од центрите за социјална работа изминатите 10 години, низ системот се евидентирани околу 500 деца, а најголемиот број се од Скопје, потоа Битола, Прилеп, Куманово, Штип, Кочани, Струмица, Тетово, а во летните периоди и во Охрид и Струга.

Од МТСП појаснуваат дека отсуството на регистрацијата при раѓање е идентификуван како главен проблем меѓу децата на улица. Сурова судбина, неизвесна иднина-децата на улица живеат ден за ден. Често невидливи за законите, но реална слика во секојдневието. Незаштитени стануваат лесна мета на трговија со деца, питачење и сексуална експлоатација. Неофицијално се зборува за стотици па и илјадници деца на улица.