Штрајк во ОН поради намалување на платите

0
132

Персоналот на ОН во Женева најави дека денеска ќе штрајкува поради намалувањето на платите.

На вработените во ОН во женева им е намалена годишната плата за 7,5 отсто, а повеќе од 90 отсто од вкупно илјада вработени го поддржаа штрајкот.

Во електронската порака упатена до персоналот на ОН се наведува да останат дома на првиот ден од штрајкот.

Освен таквиот повик, не се планирани други протести.