ТЕРА

REKLAMA???

ШУКОВА: ЗОШТО БАРААТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО, ОПШТИНА БИТОЛА СИ ИМА ПАРИ

Вака министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова која вечерва беше гостинка во емисијата „Директно“ на Тера телевизија одговори на обвинувањата од пред неколку дена на директорот на битолски „Водовод“, Пеце Милевски кој е и кандидат за пратеник, дека и покрај неколкуте испратени апликации, министерството не покажало интерес за проектот за решавање на проблемот со водоснабдувањето на неколку потпрелистерски села.

„Значи тоа секако си е надлежност на општината. Сметаме дека Општина Битола има поголем буџет, веќе кажав и дека треба ваквите проекти од овој обем да ги финансира сама иако сме помагале години наназад, не дека не.

Она што заборавиле да го кажат на прес конференција е дека во моментов Општина Битола и покрај тоа што е поголема оипштина се финансира доста од проектите кои што ги обезбедува државата, како на пример проектот за чист воздух, каде што Битола е влезена како една од четирите општини во рамките на проектот вреден 10 милиони евра.

Тоа е едно. Втор проектот од Европската инвестициона банка, каде што министерството ќе ги спроведува проектите, меѓутоа врз основа на проекти кои што ќе стигнат од општините.  Ако смета општината дека тој проект е приоритетен нека го аплицира во министерството. Тој просец е започнат веќе година и половина- две“, рече таа.

Прашавме дали тие побарале средства од министерството?

„Побарале во рамките на програмите. Меѓутоа во рамките на програмите решивме оваа година средствата да одат за руралните средини, за помалите, како на пример еве ќе ги читам како ги добивале: Конче, Босилово, Чучер Сандево, Росоман, Маврово Ростуше, Демир Капија, Петровец, Валандово, Берово, тоа се помали општини, Дебарца, Теарце, тие кои што де факто немаат големи буџети, а општините да кажаме како Битола мислам дека треба сама да си ги финансира проектите од помал обем. Коа зборувам за проекти од помал обем зборувам за проекти од 2, 3, 4, 5, 6 милиони, не зборувам за проект од 30, 40, 50 милиони денари.

Меѓутоа таков поголем проект, еве да речеме Општина Битола со методологијата има распределени 1 милион 173 илјади евра од заемот од Европската инвестициона банка кој што ќе го плаќа државата, нема да го плаќаат општините. И кога ќе си го средат проектното фише и ќе дојдат на ред да се распише јавната набавка и да се спроведат нивните проекти.

Меѓутоа да не се фалиме со популизам, јасно ни е сега во време на избори, мислам дека не е коректно, но добро знаеме дека така се однесуваат дел од кандидатите за пратеници“ вели министерската за животна средина.