Во „Директно“ на Тера телевизија зборувавме за екологијата со министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова.
Ја прашавме и за тоа дали слушнала кандидатите за претседател да зборуваат за оваа тема, иако тие во своите ингеренции ја немаат.
„Искрено не зборуваат многу за екологијата, иако треба да им биде тема, меѓутоа јас мислам дека сега тргнувајќи од аспектот на делот на Социјадемократскиот сојуз на Македонија, мислам дека отворањето на преговорите со Европската унија и станување земја членка на Унијата, ќе ни го реши проблемот и со животната средина и затоа се согласувам со претседателот Пендаровски, кој што својата кампања ја насочува кон Европската унија и потребата конечно да се отвори, покрај скринингот, реално да почне процесот на отварање на поглавјата и преговорите. Тогаш работите ќе бидат многу поедноставни, бидејќи меѓу другото и во животна средина ќе добиваме 10 пати повеќе средства, него што добиваме сега за животна средина и на тој начин секако ќе си решиме голем дел од проблемите со животната средина.
И дали споменува некој или не споменува во нивните обраќања, битно е да се трасира процесот кон Европската унија, тоа ќе ни помогне и во решавањето на проблемите со животната средина“ рече Шукова.
Во продолжение целото интервју со министерката за животна средина и просторно планирање.












