„Шушавко, мајмунот и снежната кралица“, најновата детска претстава од Интимниот театар

„Направете нешто убаво за вашите најмили! Подарете им ТЕАТАР“, е мотото на Интимниот театар од Битола кои за Новогодишните празници, за својата најмлада публика, подготвија весела детска театарска претстава за другарството, претстава која изобилува со многу смеа, забава, танци и музика.

ШУШАВКО, МАЈМУНОТ И СНЕЖНАТА КРАЛИЦА е најновата претстава во Интимниот театар, по текстови од шведската авторка Софија Фреден, режијата е на Софија Ристевска Петрушева, а играат Валентин Дамчевски, Борис Богдановски и Лина Николовска.

Интимниот Театар е местото во Битола што дава можност за артистично изразување како на уметниците, така и на граѓаните од нашата локална заедница.

Целта на Интимниот Театар е секогаш емотивно да разбуди и да измами насмевки кај публиката, а и истата да ја научи на нешто. 

Претставата е наменета за дечиња од најмлада до 11 годишна возраст.

Сподели