Ѓоковиќ е повторно вратен во имиграциски притвор во Мелбурн

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ е повторно вратен во имиграциски притвор во Мелбурн каде ќе ја помине вечерта до конечната одлука за депортација или дозвола да игра на Австралија опен.

Ѓоковиќ околу 15.30 по локално време со автомобил стигнал во подземната гаража во хотел Парк во истиот имиграциски хотел каде беше минатата недела.

Тој нема да биде депортиран од Мелбурн додека не се заврши жалбата за укинување на визата и оти случајот сега е префрлен на Сојузниот суд на Австралија.

Судењето на Новак Ѓоковиќ ќе започне вечерва во 23:30 по средноевропско време,  а прифатено  е барањето на одбраната на Ѓоковиќ и судскиот процес ќе го водат тројца судии.

Сподели